Македонија
20. March 2024 - 8:29

Седници на две собраниски комисии

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за европски прашања и Законодавно - правната комисија.

На дневен ред на двете комисии се Предлог измените на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема и Предлог измените и дополнувањата на Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад, двата по скратена постапка.