Седници на две собраниски комисии

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на 52-та седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се повеќе граѓански иницијативи, како иницијативата на државно ниво за поднесување предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Северна Македонија, преку овластениот предлагач Петар Богоевски.
Пред членовите на оваа комисија се и граѓанските иницијативи за собирање 150.000 потписи за распишување референдум на кој граѓаните на Република Северна Македонија ќе можат да се изјаснат со „за“ или „против“ на повеќе референдумски прашања, кои се однесуваат на донесување Закон за синдикално организирање, за измена на Законот за избори...
На дневен ред е и Граѓанската иницијатива за собирање 150.000 потписи за распишување референдум на кој граѓаните на Република Северна Македонија ќе можат да се изјаснат со „за“ или „против“ на референдумското прашање „Дали сте за или против за донесување Закон за амнестија на лицата осудени за настаните од 27 април 2017 година во Собранието. Овластен предлагач е Љубе Петревски.
Членовите на Законодавно-правната комисија треба да одржат две седници, 169-та и 170-та седница. На првата седницата пратениците треба да ги разгледаат Предлог-законот за изменување на Законот за социјалната заштита и Предлог-законот за младински додаток, и двата по скратена постапка, како и измените и дополнувањата на Законот за финансиските друштва.
Граѓанските иницијативи се на дневен ред и на 170-та седница на Законодавно-правната комисија.
Ново на Сител
-

Законот за прекршоци пред пратениците
-

Вработените во Пошта протестираат оти им доцни платата, директорот вели денеска ќе биде исплатена
-

Обоистката на МОБ Петрушевска обвинува дека е незаконски суспендирана
-

Преку промоција на културата до повеќе посетители
-

Кадровско засилување на кочанската општа болница
-

Преглед на вестите од светот
-

Ние сме против ад хок зголемување на плати без раст на продуктивноста, велат од Министерството за економија
-

Тема на денот со Борис Георгиевски, Дојче Веле на македонски јазик
