Седници на две собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија.
Предлог-одлука за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција на Обединетите нации, УНИФИЛ во Либан, е единствената точка на дневниот ред на седницата на Комисија за одбрана и безбедност.
Членовите на Законодавно-правна комисија на денешната седница ќе расправаат по предлог-законите за основање на Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев” во Скопје, за изменување на Законот за високото образование, во прво читање, како и за Предлог - одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите.
Ново на Сител
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба