Седници на две собраниски комисии
Во Собранието за денеска се закажани седници на Комисијата за надворешна политика и на Законодавно-правната комисија. И двете собраниски тела треба да го разгледаат Предлог законот за ратификација на Договорот меѓу Советот на министри на Босна и Херцеговина и Владите на другите страни на Иницијативата за подготвеност и превенција во случај на катастрофи во Југоисточна Европа за аранжманите со земјата-домаќин за Секретаријатот на Иницијативата за подготвеност и превенција во случај на катастрофи во Југоисточна Европа.
На дневен ред на Законодавно-правната комисија се и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта, Законот за Бирото за развој на образованието, на Законот за инвестициски фондови, во прво читање, како и предложените измени и дополнувања на Законот за квалитетот на амбиентниот воздух , во второ читање.
Во законодавниот дом е предвидена и работна средба на Комитетот за односи меѓу заедниците.
Ново на Сител
-
Уапсени тројца кавадарчани кои краделе од плантажа на компанија
-
Ватикан: Папата Франциск е во стабилна здравствена состојба и имаше мирна ноќ
-
На Попова Шапка и Лазарополе утрово најстудено
-
Два златни медали за македонската репрезентација во џуи џицу на „Словенија Опен“
-
Претрес во Тетово, одземени марихуана и дробилки со остатоци од марихуана
-
Атлетико Мадрид нов лидер во Шпанија
-
Прва АТП титула за Чехот Махач
-
Без струја утре делови од Кисела Вода и Чучер Сандево, без вода дел од улица „Јани Лукровски“