Македонија
4. September 2019 - 8:59

Седници на две собраниски комисии

Во Собранието денеска ќе заседаваат Законодавно-правната и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Законодавно-правната комисија ќе одржи две седници. На едната ќе го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на правата на пациентите во второ читање, а на втората треба да расправа по Предлог-законот за правосудниот испит, исто така во второ читање, како и по четири барања за автентични толкувања.

Пред Комисијата за политички систем единствена точка од дневниот ред е Предог-законот за правосудниот испит во второ читање.