Македонија
9. November 2015 - 8:46

Седници на две собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања и за политички систем и односи меѓу заедниците.

На дневен ред на Комисијата за економски прашања се предлог - законот за занаетчиство, во второ читање и предлог - законите за дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство и на Законот за енергетика, двата во второ читање.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе расправа за измените и дополнувањата на Законот за договорен залог, во второ читање.