Седници на четири собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат Законодавно-правната и комисиите за здравство, за финансирање и буџет и за транспорт.
На дневен ред на Комисијата за здравство се предлог - законите за изменување и дополнување на законите за санитарната и здравствената инспекција, за земање и пресадување делови на човечкото тело заради лекување, за биомедицинско потпомогнато оплодување, за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, за забрана на развивање, производство, складирање и употреба на хемиски оружја, за јавно здравје, за хемикалии... сите во прво читање. Воедно Комисијата ќе расправа и за предложените измени на законите за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, за здравствената заштита, за прекурзори, за заштита на населението од заразни болести на Законот за здравственото осигурување, исто така во прво читање.
Пред членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија е Предлог - законот за изменување на Законот за воздухопловство, по скратена постапка.
Комисија за финансирање и буџет, пак, треба да ги разгледа предлог - законите за изменување и дополнување на законите за Централен регистар, за ревизија на инструментот за претпристапна помош (ИПА), за Управата за јавни приходи, за финансиската полиција,за државната ревизија, за спречување на перење пари и финансирање тероризам, за Фондот за осигурување на депозити и за јавните набавки, сите по скратена постапка во второ читање.
Измени и дополнувања на над 20-ина закони треба да разгледа Законодавно-правната комисија.
Ново на Сител
-
Малолетничка од Скопје физички нападната од таткото и братот
-
Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Тетово – Скопје
-
Утре во 17 часот нов протестен марш во Скопје за Фросина
-
Вучиќ: Тргнаа во напад на Србија однадвор, поддржани од многумина одвнатре
-
Кумановка измамена за 30.000 евра - повторно измамата во која наводно нејзина ќерка прегазила дете
-
Мицкоски: Надлежните се на терен во сите поголеми супермаркети, се прави анализа, детали од понеделник
-
Поранешниот германски претседател Хорст Келер почина на 81-годишна возраст
-
Футсал: Македонија поразена од европскиот првак Португалија