Македонија
12. September 2019 - 16:07

Седницата за разрешување на Катица Јанева ќе биде закажана утре или задутре

Утре или задутре Талат Џафери ќе ја свика седницата на која Собранието треба да го изгласа разрешувањето на Катица Јанева. 
 
Џафери вели дека четирите најголеми партии во Собранието писмено му доставиле потврди дека ќе го поддржат разрешувањето и дека тој ќе го испочитува деловникот.
 
Но опозицијата бара седница денес. Со потписи од 20 пратеници тие и официјално доставија иницијатива за итно заседание на Собранието. Според нив, секое одложување оди во прилог на тоа Јанева да се спаси од разрешување
 
Во СДСМ велат дека стојат на ставот за разрешување на Јанева
 
Опозицијата и денеска обвини дека власта е вмешана во аферата Рекет и дека затоа ја кочи истрагата и преговорите за Законот за обвинителството. Од ВМРО-ДПМНЕ денеска му порачаа на Заев дека чекаат негова иницијатива за деблокада на процесот. Повторно го обвинија премиерот за мешање во судството најавувајќи дека Јанева за десетина дена ќе биде пуштена од притвор.
 
Опозицијата се закани дека ако власта продолжи да ја саботира истрагата за рекет, тие ќе почнат да објавуваат бомби.
 
Во заканите на опозцијата власта гледа опструкција на истрагата
 
Власта и опозицијата имаа заедничка став за разрешување на Катица Јанева по соменијата за инволвираност во случајот Рекет. По фијаското на лидерската средба, опозицијата вчера предложи а власта го одби разрешувањето на специјалната обвинителка.