Седница на Уставен суд

Уставниот суд на Република Македонија на денешната седница ја отфрли иницијативата поднесена на Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување (за хонорарците), бидејќи овој предмет е решаван во септември 2015 година.
Судот не поведе постапка за иницијативата со која се оспорија одредби од Законот за здравствена заштита, со кои се предвидува „привремено или трајно одземање на лиценцата за работа“ на лекари, стоматолози и фармацевти.
Во овие законски одредби е наведено дека Лекарската, Стоматолошката или Фармацевската комора може привремено или трајно да ја одземе лиценца за работа на здравствен работник со високо образование (лекари, стоматолози и фармацевти). Привременото одземање на лиценците за работа на здравствен работник со високо образование може да се изврши најмногу за период од седум години ако здравствениот работник има судско правосилно решение со кое привремено му е забрането вршење на дејноста или професијата. Трајно одземање на лиценца за работа се изврши ако со правосилна судска одлука се утврди дека здравствениот работник сторил стручен пропуст или грешка во работата, со што предизвикал трајно нарушување на здравјето или смрт на болниот.
На денешната седница судиите ја отфрлија инцијативата со која се оспорува Правилникот за минимално-техничките услови за деловните простории во кои се врши трговија, донесен од министерот за економија. Отфрлањето е затоа што Правилникот не содржи норми со кои се регулираа односи на општ начин, односно тој не е пропис.
Ново на Сител
-

Tема на денот со Злате Мехмедовиќ, директор на Клиника за физикална медицина и рехабилитација
-

Владата го намалува ДДВ-то кај дизелот од 18 на 10%
-

Мицкоски најавува прославите како на 8 Септември да станат пракса, опозицијата бара истрага за парите од Лотарија
-

Промената на времето донесе ризик за влошување на здравјето кај повозрасните и хронично болните
-

Оризот пред најтешка реколта, оризарите бараат итни мерки
-

Почна изградбата на подземна катна гаража и плоштад во Велес
-

Во тек 2 повици на Министерството за економија вредни 7 мил. денари за подобрување на конкурентноста на компаниите
-

СВР Струмица наоѓа трајно решение за импровизираните дрвосечачки машини
