Седница на собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ и АР за случајот „Онишченко“
Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање денеска треба да ја одржи својата петта седница на која ќе расправа за улогата на АНБ во безбедносната проверка на лицето Олександр Онишченко при давањето на позитивно мислење за добивање македонско државјанство.
Претседателот на Комисијата Љупчо Пренџов во вторникот најави дека директорот на АНБ Виктор Димовски ќе треба да објасни како службеници на Агенцијата го пропуштиле низ безбедносниот филтер Онишченко, кој е обвинет за корупциски зделки во Украина и ставен на американската „црна листа“.
– Тој е најповикан да одговори. Лично сум многу загрижен во врска со издавањето на македонски државјанства и на македонски пасоши веќе имам чувство дека секој втор криминалец има во џебот македонски пасош и според мене сметам дека тоа е сериозен предизвик и аномалија во безбедносниот сектор во државата, рече Пренџов.
Украинскиот државјанин Онишченко станал македонски државјанин како спортист во еквестријан по предлог на Коњичката федерација. Одлука за доделување македонско државјанство за него донела Владата по добиено позитивно мислење од сите надлежни институции.
И премиерот Димитар Ковачевски во вторникот изјави дека упатил барање до институциите, кои биле вклучени во донесувањето на позитивни мислења за доделување на државјанството на Онишченко, да поднесат извештај за тоа дали и како е спроведена процедурата.
Ново на Сител
-

Николоски: Лидерската средба е доброволен чин, ако СДСМ сака сама да се изолира, не можеме ништо да сториме
-

МФ: Успешно реализирано издавањето на 10. Еврообврзница - силна доверба од меѓународните инвеститори
-

Ѓорѓиевски: Почна површинското чистење на депонијата Вардариште, следува процес на одгасување
-

Различни бројки за загинати во Иран
-

Сите гранични премини на Србија кон Шенген ќе бидат блокирани на 26 јануари, превозниците бараат ревизија на EES
-

Средба Муцунски - Ѓорѓиевски: Унапредување на соработката на домашните компании со ДКП
-

Лазаров: Сакаме да одиме во втората рунда, сите го сакаат тоа
-

Украинскиот парламент не ги одобри министрите за одбрана и за енергетика
