Македонија
1. February 2021 - 8:30

Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет

 

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе одржи седница. На дневен ред е Предлог-законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, по скратена постапка во второ читање.

Пред членовите на Комисијата е и Предлог-законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по договорот за заем за финансирање на Проектот за модернизација на земјоделството, по скратена постапка во второ читање.