Седница на националниот Совет за безбедност

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски денеска ќе биде одржана втората седница на Советот за безбедност.
– На првиот дел од седницата, каде ќе бидат разгледани тековните прашања поврзани со безбедноста и одбраната на Републиката, покрај членовите на советот, ќе присуствуваат и Виктор Димовски, директор на Агенцијата за национална безбедност, Еролд Муслиу, директор на Агенција за разузнавање, Зоран Ангеловски, директор на Оперативно-техничката агенција и генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, началник на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, соопштија од Кабинетот на Пендаровски.
Од Кабинетот на претседателот информираат дека вториот дел на седницата ќе биде посветен на проблемот со аерозагадувањето. На дебатата, покрај членовите на советот, ќе учествуваат и тројца претставници на Здружените граѓански иницијативи и организации, кои во изминатиот период одржаа средба со претседателот Пендаровски во однос на заштитата на животната средина, а преку писмо дадоа предлози и иницијативи за надминување на загадувањето од запалени депонии, пожари и оган на отворено.
Исто така, во вториот дел од седницата ќе учествуваат и Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, заменик министер за животна средина и просторно планирање и Фејзула Спахија, директор на Државниот инспекторат за животна средина.
Ново на Сител
-

Од утре врнежи, ветер и заладување
-

Анкета: Пад на рејтингот на Трамп
-

Приведен возачот кој усмрти пешак синоќа во Марино
-

Русија и Украина меѓусебно напаѓаат енергетски објекти, стотици илјади потрошувачи без струја
-

Мицкоски: Работиме деноноќно, но има поединци кои не го даваат својот максимум, ако не се коригираат ќе бидат сменети
-

Изминатите два дена 1177 сообраќајни прекршоци, приведени 25 лица за безобѕирно управување на возило
-

Пентагон подготвува испраќање 3.000 падобранци на Блискиот Исток
-

Утрово најстудено на Попова Шапка и во Берово
