Седница на Комисијата за хартии од вредност
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на ТТК Банка АД Скопје и даде одобрение да продаде сопствени акции по пат на јавна понуда. Станува збор за 25.960 обични акции кои претставуваат 2,86 проценти од вкупниот број издадени акции од ТТК Банка АД Скопје кој изнесува 907.888 обични акции. Минималната продажна цена по акција е 546 денари по акција, а вкупната минимална продажна вредност на сопствените акции изнесува 14.174.160 денари. Јавната понуда ќе се смета за успешна доколку се продадат најмалку 60 проценти од понудените акции.
На седницата што се одржа денеска, со која претседаваше претседателот на КХВ Елизабета Чингаровска, Комисијата одлучи да ги информира сите инвеститори во Република Македонија дека друштвото кое работи под името Life Division односно Innovative Securities Limited (регистрирано во Нов Зеланд) како подружница на Innovative International Group Limited (регистрирана во Велика Британија) нема добиено дозвола за услугите кои им ги нуди на граѓаните на Република Македонија, како што се вложување во инвестициски фондови, управување со портфолио на индивидуални клиенти, како и посредување при тргување со финансиски инструменти.
Согласно Законот за инвестициски фондови и Законот за хартии од вредност, доколку странско правно лице има намера да работи во Република Македонија, односно да дава инвестициски услуги на инвеститори од Република Македонија мора за тоа да има соодветна дозвола за работа од Комисијата за хартии од вредност.
Комисијата смета дека сите потенцијални вложувачи треба да бидат крајно внимателни при носењето на одлука за инвестирање во наведените правни лица од причина што Комисијата како регулатор на пазарот на хартии од вредност во вакви случаи нема надлежност да ги заштити нивните права и интереси доколку тие бидат оштетени.
Во неколку земји од Европската Унија веќе постојат предупредувања од надлежните регулаторни тела дека Life Division односно Innovative Securities Limited вршат нерегистриранa дејност во тамошните држави.
Комисијата ги повикува сите потенцијални инвеститори пред да ги вложат и доверат своите средства да ја посетат веб страната www.sec.gov.mk каде можат да ги најдат регистрите на сите правни лица во Република Македонија кои согласно законите имаат дозвола од Комисијата за хартии од вредност да вршат брокерски услуги, управување со портфолио на индивидуални клиенти, односно да управуваат со инвестициски фондови.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња