„Седмица“ се огласи за труењето: Не сме виновни, владее епидемија на стомачен вирус
Ресторанот за брза храна „Седмица“ по 4 дена молк се огласди со соопштение. Тие тврдат дека не се одговори за наводното труење со храна на 26 лица.
- Сакаме да ве известиме и воедно да ви се извиниме за 4 дневниот молк од наша страна за настанатата ситуација. Поради сензитивноста на работата и ситуацијата сметавме дека е најдобро да ве информираме кога официјално ќе се добијат резултатите од ЈЗУ „Центар за јавно здравје“ и Државниот Санитарен инспекторат.
Бевме обвинети за труење со храна и веднаш медиумски нападнати во една потполно непозната ситуација за нас во тек на нашето 30 годишно беспрекорно работење. Ве известуваме дека по направените испитувања на примероците од храна и брисеви од работни површини и вработени, констатирано е дека храната ги задоволува сите стандарди и прописи за микробиолошка исправност, известија од Седмица.
-Сакаме и да им се извиниме на сите наши потрошувачи кои се пријавиле со стомачни потешкотии и имале конзумирано наша храна, меѓутоа не можеме да го занемариме и фактот дека се ова се случува во денови на голема епидемија на стомачен вирус , соопштуваат од ресторанот.
Од таму велат дека по завршувањето на целокупната процедура очекуваат ресторанот во Карпош 3 да биде отворен.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата