-->
-->
Седлоски: Потребно е да бидеме мирни, имаме реванш во Данска
-->
Македонскиот првак Вардар синоќа постигна минимална победа од 1:0 во првиот натпревар од третото коло од квалификациите од Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ стигнаа до посакуваниот триумф без примен гол.
Тренерот на Вардар, Гоце Седлоски по дуелот изјави дека ова е голем победа за Вардар.
- Ова е голем триумф за Вардар, против еден клуб кој е речиси редовен учесник во Лигата на шампионите. Одигравме на резултат, мудро, фудбалерите ги извршија задачи кои им беа поставени во целост и мораме да бидеме задоволни. Потребно е да бидеме мирни, со двете нозе на земја, затоа што не очекува и реванш во Данска. И таму нема да се браниме, ќе одиме да постигнеме гол и да се обидеме да го елиминираме и овој противник. Честитки до фудбалерите и благодарност до публиката за фантастичната поддршка, беа нашиот 12-ти играч, истакна Седловски.
Тренерот на гостите Стале Солбакен по дуелот рече дека сепак ова е само прво полувреме.
- Ние не одигравме на посакуваното ниво. Ова е само првото полувреме од двомечот. Вардар беше подобар и успеа да постигне погодок. Ќе има и реванш во Данска, на кој се надеваме дека ќе бидеме многу подобри. Не дојдовме да се браниме, стратегијата беше да постигнеме гол, но не успеавме во тоа, истакна Солбакен.
Реванш натпреватот меѓу Копенхаген и Вардар ќе се одигра на 2.август.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра