-->
-->
Седат Пекер демантира дека поседува фалсификуван пасош со негова фотографија и туѓ идентитет
-->
Имајќи во предвид дека пракса на новинарството и новинарската етика, пред да се објави било каква вест, треба да се побара и став и мислење од другата страна, што во конкретниот случај не е запазено, бараме демантот од страна на Реис Седат Пекер за оваа вест која одекна во медиумите за фалсификувана патна исправа со негова фотографија и туѓ идентитет, да се објави во целост на вашиот портал, како што е правило и пракса во објективното новинарство.
Реис Седат Пекер категорично и целосно ги отфрла содржината на насловите и прилозите емитувани на порталите и медиумите како невистинити и тендециозни.
Дезинформирањето на јавноста, со свесна намера да се наруши угледот на господинот Седат Пекер се гледа од тоа што прилозите се подготвени надвор од професионалните новинарски стандарди, а пренесените вести се во целост лажни.
Реис Седат Пекер бара јавно извинување за објавените прилози во истите термини и формати (вести) каде се емитувани прилозите за него.
Објавата на овој демант ќе се смета за јавното извинување прочитано во целост и во форматот во кој е емитувано на сите портали.
Во спротивно ќе бидат преземени сите правни механизми вклучувајќи и судска заштита во насока на зачувување на интегритетот, честа и угледот на засегнатите страни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поплавени куќи и улици во Тетово
-
Од детство во војна до пензија во независна држава | Атанас Костовски | Sitel Podcast 061
-
ЦУК: Можни излевања и проблеми во градовите ако има поројни дождови
-
Кривичен: Oдложени следните две рочишта за случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, поведена истрага против едно лице
-
Премиера на филмот што го однесе Алек Болдвин на судење за убиство
-
Кривична пријава против шест затворски полицајци за „овозможување бегство на лице лишено од слобода“
-
Поплави ширум Црна Гора