-->
-->
Себастијан Џовинко потпиша за Сампдорија
-->
Калчолигашот Сампдорија објави дека потпиша договор до крајот на сезоната со поранешниот италијански репрезентативен напаѓач Себастијан Џовинко (35).
Фудбалерот доаѓа во редовите на Сампдорија без обесштетување, а без клуб беше од август 2020 година, кога го напушти саудиски Ал Хилал.
Последен пат Џовинко настапуваше во најсилното италијанско фудбалско првенство во 2015 година, по што кариерата ја продолжи во Канада.
Сампдорија, која е на 16. место на табелата со пет бодови над зоната за испаѓање, неодамна остана без услугите на првиот стрелец Маноло Габиадини поради повреда.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Законот за високо образование пред владина процедура - дел од фелата оценува дека суштински измени нема
-

Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
-

Сиљановска Давкова – Милатовиќ пред студентите: Потребен е јасен сигнал од Брисел за проширувањето
-

Продолжи судењето Онкологија 1 со сведочење на вештакот од Србија
-

Тешки сведоштва за насилството врз Ивана и Катја
-

Полицајците на обвинителна клупа за „Пулс“, но судењето не почна
-

Крмзов во инвалидска количка на првото рочиште за затајување данок
