Кошарка
16. October 2015 - 11:00

Се зголемуваат шансите за преживување на Одом

Според Јаху спорт НБА кошаркарот Ламар Одом бил под дејство на наркотици пред да падне во кома.

Според информации од полицијата во Невада тој пиел кокаин и цел ден минал во јавна куќа иако претходно беше речено дека испил 10 таблети растителна вијагра залиено со коњак. 
Одом е префрлен во болница откако паднал во кома и лекарите се борат за неговиот живот. Според информациите оштетен му е мозокот и имал најмалку еден срцев удар. 
Во болницата бил посетен од бројни НБА соиграчи меѓу кои и Коби Брајант а го посетила и сопругата Клои Кардашјан која претходно побара развод. 
Одом веќе неколку години имаше проблем со алкохолот и дрогата по неколку фамилијарни трагедии меѓу кои и загинувањето на синот. 
Во кариерата играше за Далас, Мајами и ЛА Лејкерс а беше и член на репрезентацијата која  триумфира на ОИ во Атина.