Се зголемува опфатот за субвнционирање плати од 1.624 на 1.974 лица
Владата на денешната владина седница е усвоена Информацијата за ревидиран Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година.
Согласно Информацијата, на предлог на Агенцијата за вработување опфатот за субвенционирање плати се зголемува на 1.974 лица, наместо планираните 1.624, односно наместо 361,288,000 за оваа мерка ќе зголемат средствата на 441,088,000 денари. Дополнителните средства ќе бидат обезбедени од нереализираните средства од останатите мерки кои беа донесени за намалување на невработеноста.
Според Информацијата поднесена од Министерството за труд и социјална политика од ИПА Акциската програма за 2020 година, сектор Конкурентност, иновации, земјоделство и рурален развој, се предлагаат две активни мерки, за самовработување (претприемништво) и формализација на постојни бизниси во услови на КОВИД-19, со која се овозможува отворање вкупно 700 самовработувања, како и поддршка на микро, мали и средни претпријатија погодени со КОВИД-19 и финансиска поддршка за секое новоотворено работно место.
-Активните програми за вработување и услугите на пазарот на трудот имаат за цел да ја зголемат вработливоста на невработените лица преку различен вид на програми и мерки со обезбедување поддршка за креирање нови работни места, обуки, работно ангажирање, како и обезбедување услуги на невработените лица, наведува Владата.
Ново на Сител
-
Уставен ќе ја оценува уставноста на протоколот со Бугарија - Поповска очекува да биде прогласен за ништовен
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Мицкоски: 24 години по Рамковниот - Заедно сме посилни
-
Што е постигнато со Рамковниот договор на економски план?
-
Претседател на Антикорупциска ќе се избира после локалните избори
-
Мицкоски: Се прават натчовечки напори да се стави под контрола пожарот во ловиштето Јасен
-
Европа гори: Загинати, повредени и масовни евакуации
-
Нова формула за финансирање на основното и средното образование