Македонија
17. July 2017 - 13:27

Се зголемува бројот на пожари во неготинско

Се зголемува бројот на пожари во неготинско. Командирот на Територијалната противпожарна единица од Неготино Иле Илиев, денеска информираше дека минатата година биле регистрирани 122 интервенции, а во првата половина од оваа година 86.

- Според нашата евиденција, изминативе шест месеци имавме 24 пожари на затворен и 59 на отворен простор. Интервениравме и во два случаи на запалени контејнери, како и при една сообраќајна несреќа, соопшти Илиев. 

Тој нагласи дека остануваат препораките за превентивно однесување од страна на жителите на неготинска и демиркаписка општина, чии подрачја ги покрива оваа територијална противпожарна единица, се со цел помалку пожари и помалку штети.