-->
-->
Се затвори фабриката на „Катерпилар“ во Белгија, 2.200 лица останаа без работа
-->
Големата фабрика за производство на градежни машини „Катерпилар“, денеска го затвори својот погон во градот Госели, во Белгија, и 2.200 лица останаа без работа, јави дописникот на МИА од Брисел.
Како што пренесе државната франкофонска телевизија „РТБФ“, утринава бордот на директори на „Катерпилар“ ја донел одлуката за затворање на фабриката, а поголем дел од вработените останаа пред влезната порта во вчудовиденост, очекувајќи официјално да им биде пренесена одлуката дека од денеска се на улица.
Во своето официјално соопштение до јавноста по повод денешната одлука, сопственикот на „Катерпилар“, американската групација „Констракшн Индустрис“, соопшти дека „фабриката е затворена поради преместување на погонот во Гренобл, Франција и во други места во Европа“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Медицинска опрема вредна 13 милиони евра не се користи и скапува во подруми утврди ДЗР
-
Засега ќе нема нови мерки за цените – хигиенските производи во дел од маркетите поскапеа за над 50%
-
Отворена новата градинка „ Пролет“ во општина Центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Коцевски: Идниот месец обвинение за Кочани
-
Филипче: Владејачката коалиција ќе се распадне
-
Нова градинка во скопски Центар
-
Годинава само половина од планираните површини ќе се посеат под ориз