-->
-->
Се запали камион во движење
-->

Камион со приколка попладнево се запали во движење, на патот меѓу кавадаречките села Раец и Фариш. Информацијата ја потврди Илчо Богевски, командир на Територијалната противпожарна единица од Кавадарци. Тој посочи дека камионот бил со косовски регистарски ознаки и пренесувал руда.
- Всушност, се запалиле задните гуми од приколката, најверојатно поради неисправни кочници. Возачот веднаш го прекинал движењето и го отстранил камионот од патот. Од гумите, огнот се проширил на шасијата на приколката, изјави Богевски.
Најбрзо што можеле, двајца пожарникари стигнале на лице место со едно противпожарно возило.
-Успеавме да го изгаснеме пожарот и да не дозволиме да се прошири на главата на камионот, додаде Богевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ДУИ: Минималната плата да се зголеми за 3.000 денари
-

Комеморација за четирите загинати ученици во штипското средно медицинско училиште во „Пулс“
-

Малигните заболувања втора причина за смртност
-

Над 20.000 граѓани се очекува да ги искористат бенефитите на новиот Закон за работно ангажирање
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонска делегација на комеморација за Холокаустот на македонските Евреи
-

Партиите за предлогот Савески да е државен обвинител
-

Тема на денот со Кирил Миноски, поранешен министер за финансии
