„Се заљубив во клиент, во врска сме 9 години“ – Исповед на проститука која шокира
Баблс, 53-годишна проститутка која во секс-индустријата работи веќе 20 години, вели дека е горда на својата работа, која и овозможила да го запознае денешното момче кое има 60 години.
-Тешко ми е да објаснам како станавме пар, тоа едноставно се случи. Имав многу среќа што го запознав. Со него никогаш немав проблем заради работата која ја работа, изјавила Баблс за Дејли Меил.
Нејзиното сегашно момче и било клиент, а се запознале пред девет години. По 18 години поминати во секс индустријата, Баблс заработила многу, а нејзиното момче нема замерки за тоа дека жената продолжува со својата работа. Таа вели дека тој целосно ја разбира дека ја сака својата работа и ја поддржува.
-Имам силен сексуален нагон. Во тоа како мажите. Ми се допаѓа разновидниот секс и многу секс, а тој со тоа нема проблем, објаснува проститутката.
Сепак двајцата се договориле на некои граници, се со цел нејзината работа да се одвои од нивниот љубовен живот.
-Разговаравме околу тоа како нашата врска може да функционира. Некои работи работи, како на пример бакнувањето се забранети со клиентите бидејќи е важно тој дел од интимата да остане само наш. Додека се држиме до правилата, немаме никакви проблеми, имаме голема слобода да уживаме во животот, вели Баблс.
Парот често оди на заеднички патувања кои најчесто се финансираат од нејзината заработка.
Ново на Сител
-
ДИК не донесе упатство
-
Њујорк или Бурса: Чаирчани ќе избираат помеѓу два архитектонски концепти
-
Дворот на УКИМ речиси празен: Без големи гужви почнаа уписите на факултетите
-
Заштеда до 2.000 денари по ученик ќе донесе Училишната кошница
-
Јавното здравство должи повеќе од 72 милиони евра – од ФЗО велат дека месечно го следат работењето на ЈЗУ
-
Се уште активен пожарот на Јасен
-
Мерката училишна кошница е во тек
-
Модернизација на Националниот електронски систем за документи