-->
-->
Се зајакнува консензусот во ЕУ за датум за преговори идната недела
-->

По три дена преговори на амбасадорско ниво помеѓу земјите членки, доцна вечерва е постигната начелна согласност во Европската Унија за зелено светло за старт на преговори за Македонија и Албанија идната недела, јавува дописничката на МИА од Брисел.
И покрај драматичната криза низ која поминува ЕУ овие недели со коронавирусот, преговорите со Албанија и Македонија останаа високо на агендата оваа недела.
Амбасадорите се сретнаа повторно денеска и цело попладне разговараа за оваа точка.
Според изворите на МИА во Советот на ЕУ, вечерва е постигната начелна согласно за целосниот пакет, односно ревидираната методологија за пристапните преговори и отворањето преговори со Скопје и Тирана, но дипломатите предупредуваат дека сагата не е сѐ уште завршена.
Имено, главна пречка е сега Грција која има посебни барања за заштита на имотите на грчкото малцинство во Албанија. Дипломатите во Брисел велат дека „во однос на големата слика, ова е мала работа која може да се реши“, но нагласуваат дека треба да се остане внимателен и дека „не е ништо договорено додека не е сѐ договорено“.
Се очекува амбасадорите во консултации со нивните влади во текот на овој викенд да продолжат да работат на усогласување на ставовите и на речникот на заклучоците, велат дипломатите за МИА. Целта е до вторник, кога се одржува министерскиот совет на кој се носи формално одлуката, разликите да бидат испеглани.
Информациите кои се појавија во јавноста дека состанокот или одлуката за преговори ќе бидат одложени ја демантираат во Брисел, и додаваат дека станува збор за процедурални прашања поврзани за форматот на состаноците во услови на санитарната криза со коронавирусот.
Министрите за надворешни работи треба да остварат видеоконференција во вторник. Овој тип на конференции не се идеални за преговори помеѓу земјите членки, објаснуваат дипломатите, но не е пречка за усвојување на заклучоците за почеток на преговорите доколку до тогаш е постигнат целосен консензус.
Нејасно е сѐ уште исто така дали прашањето ќе се најде на дневен ред на шефовите на држави и влади во четврток и петок идната недела кога ќе се одржи Европскиот Совет преку видеоповик.
Одобрувањето на лидерите не е законска обврска, но е политички важно поради сензитивноста на темата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Товарен брод нападнат во Ормуската Теснина
-

Анкета: Две третини од Американците веруваат дека земјата се движи во погрешна насока
-

Кремљ: Цените на нафтата може да се зголемат уште повеќе ако продолжат украинските напади врз руските објекти
-

Сиљановска Давкова - Хачатурјан: Ново поглавје во меѓусебните односи и можности за конкретна соработка во повеќе сектори меѓу Македонија и Ерменија
-

Израел го продолжи притворот на шпанскиот и бразилскиот активист од флотилата за Газа
-

Папата го одбележа Светскиот ден на слободата на медиумите, изразувајќи жалење за убиствата на новинари
-

Бројот на загинати во пукањето во турско училиште се зголеми на 10
-

26-годишен возач удрил пешак кој се здобил со сериозни телесни повреди
