-->
-->
Се зајакнува капацитетот на Тетовска болница
-->

Министерството за здравство го почнува зајакнувањето на капацитетот на Тетовската клиничка болница во делот на кардиологијата, дерматовенерологијата, оториноларингологијата и гастроенерохепатологија. За да се намали бројот на препратени пациенти на скопските клиники, Министерството почна проект за прераснување на Тетовската, Битолската и Штипската болница во регионални центри.
Министерот за здравство Никола Тодоров, денеска на прес-конференција истакна дека целта е доближување на што е можно поголем број здравствени услуги до граѓаните во нивното место на живеење, како и редуцирање на упатувањата кон клиниките во Скопје кои стануваа пренатрупани и не можат да се посветат на сериозните случаи.
Очекува проектот да даде резултат за една година и оти ова е решение за надминување на ваквата состојба.
- Анализата на потребите од зајакнување специјалности во болниците се прави врз основа на податоците од системот Мој термин, кои покажаа дека во изминатите шест месеци од почетокот на годинава се креирани вкупно 5.616 упати кон скопските клиники и градската општа болница, што значи во просек над 10.000 упати годишно. Само во областите на кои се фокусираме со оваа практика креирани се вкупно 1.684 упати и затоа во рамки на Тетовската болница се фокусираме на овие четири специјалности, рече Тодоров.
Според него, она што го поттикна Министерството да го спроведе овој проект е што спцијалист на пример по оториноларингологија е и тој во Тетово и тој во Скопје и зошто тој во Скопје да може да го работи тоа, а тој во Тетово да не може. - И едниот и другиот се специјалисти. Заедно студирале и специјлизирале во најголем дел на скопските клиники и не гледаме никаква причини зошто не можат да дадат здравствена услуга во тие градови и непотребно да се препраќаат надвор од нивното место на живеење, додаде Тодоров.
Појасни дека во Тетовската болница сега има речиси се во областа на кардиологијата и дека би требало да можат да се згрижат сите пациенти таму и да им се даде здравствената услуга.
Информира дека во делот на кардиологијата, во која во изминатите шест месеци од Тетово се креирани 459 упати, ќе се набави дополнителна опрема за ангиографската сала, ќе се формира и нов кабинет за хипертензија, а стручно ќе се доусовршува и кадарот.
Зајакнување на дејноста дерматовенерологија ќе се прави со отпочнување практика на теледермоскопија. Во овој дел ќе се прошири и областа на алергологијата, односно ќе се вршат основи алерголошки тестови. Во оваа област за шест месеци биле пратени 495 упати.
Во делот на оториноларингологијата биле издадени 388 упати кон Клиниките во Скопје, а во делот на гастроенетрохепатологијата за што биле издадени 342 упати ќе се воведува метода на дијагностичка аноскопија за што ќе се обучуваат доктори.
Оториноларингологија ќе ја зајакнеме со набавка на дополнителна опрема за усовршување на операциите на уво, нос и грло (оперативен микроскоп, оперативни сетови, сет за микроларингоскопија, а во соработка со Клиниката за уво, нос и грло е предвидена едукација во времетраење од 3 – 6 месеци за доусовршување на докторите за овие операции, како и за доусовршување на некои дијагностички процедури.
Тодоров информираше дека со проектот Дисперзирана клиника ќе се овозможи и еден доктор специјалист од клиниките во Скопје да работи во одредени денови со пацинети во болницата во Тетово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Се бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче
-

ДИК на седница усвои барање за акредитација за набљудувачи на изборите во Брвеница
-

Мицкоски: Граѓаните на Брвеница да гласаат за проект повеќе и подобар живот, а не за етнички поделби
-

Полицајци фалсификувале службен извештај за контрола на седум возила, но возачите тврдат дека никој не ги запрел
-

72-годишен Французин починал на Кадиохирургија во Скопје
-

Двајца малолетници нападнале и ограбиле 62-годишен маж во Тетово, едниот го повредил со остар предмет
-

Брнабиќ ја повика Студентската листа што поскоро да формира власт
-

Николоски: Автопатот Скопје-Блаце директно не поврзува со пристаништето во Бар
