-->
-->
Се враќа оригиналниот изглед на Железничката станица, отстранет првиот билборд
-->

Во насока на ослободување на просторот и оригиналниот изглед на Железничката станица, ЈП ЖРСМ Инфраструктура почна со отстранување на сите билборди, светлосни реклами и останати информативни реклами кои години и декади наназад го нарушуваат автентичниот изглед на станицата.
Директорот на Железници инфраструктура, Синиша Ивановски, преку објава на својот Фејсбук профил посочува дека ова ќе биде фазен процес кој ќе заврши со генерално чистење на надворешниот изглед на станицата како и соодветна илуминација.
-Благодарност до одговорните компании кои ја сфатија важноста на овој процес и се согласија за отстранување на нивните билборди, напиша Ивановски и објави видео од денешната акција.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ќе се менува ли законот со кои се регулираат инфлуенсерите?
-

„Работнички“ доби нова спортска сала по сите ФИБА стандарди
-

Четири години војна
-

Куќен притвор за Артан Груби
-

СДСМ: Се е однапред договорено
-

Минималната и функционерските плати во Собранието
-

Се поместува возрасната граница на пациенти со коронарна артериска болест
-

Ново возило за чистење канали во Босилово
