-->
-->
Се враќа легендарното оргинално Фиќо
-->
Компанијата „Сеат“ на саемот за автомобили во Барселона ќе го претстави моделот 600 BMS кој всушност е модерна верзија на легендарното Фиќо.
„Сеат“ најави дека кон крајот на идната недела ќе го претстави ретро концептот на 600 BMS инспириран од оригиналниот модел 600 кој овој месец слави 60 години од претставувањето. Сеат 600 беше првиот шпански народен автомобил, лиценцирана копија на Фиат 600, истиот автомобил на чија основа настана и Фиќото.
Со оглед на тоа дека Сеат 600 и Застава 750, односно Фиќо беа речиси исти автомобили, Сеат со овој потег ќе ги разбуди спомените на најпопуларниот народен автомобил.
Сеат 600 се произведуваше од 1957 до 1973 година. Минијатурниот автомобил со место за четири патници и две врати беше долг само 332 сантиметри, а тежок 580 килограми. Произведени се 797.319 Сеат 600.
СЕАТ 600 (1957-1973)
Застава 750, односно Фиќо беше напреден модел од Сеат 600. Се појави две години порано, во 1955 година, а на пазарот се задржа 30 години односно до 1985 година. Од овој автомобил произведени се вкупно 2,7 милиони.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Анализа: Што ќе донесат последните посети на Мицкоски во Брисел?
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Не се знае дали студентите ќе имаат бесплатен превоз од први јануари, ЈСП не им ги продолжува билетите
-
Реформи веднаш за поголем економски раст
-
Директорката на Клиниката за деца “Козле” на состанокот кај Таравари ги негирала обвинувањата од 30 специјалисти
-
Преглед на вестите од светот
-
Скопјани се подготвуваат за викенд без вода
-
Артан Груби побарал укинување на притворот