Се враќа автентичниот лик на Старата скопска чаршија
Се враќа автентичниот сјај на Старата скопска чаршија. Со проектот за зачувување на културните вредности на ова место, девет дуќани добија реновирани излози и фасади. По еден урнек со исти симболи и големина се пишуваат имињата на дуќаните како и рекламите, а унифицирањето важи и за осветлувањето. Во првата фаза се очекува бројката на обновени дуќани да достигне 60 за што се издвоени околу 500 000 евра. Со ова се очекува чаршијата да биде уште поатрактивна за туристите.
- Обновените дуќани имаат нови излози и квалитетно изработена фасада и верувам дека во идните 40 до 50 години ќе нема потреба од повторно нивно реновирање, рече Морина. - Имаме слики како претходно изгледале дуќаните и ги обновуваме според стариот изглед за да се зачува духот на чаршијата каков што бил во минатото, рече Морина.
На дуќанџиите кои меѓу првите ги имаат уредено излозите им се доделени од 100 до 1000 евра субвенции. Тие се задоволни од брзото реализирање на проектот. Сметаат дека дуќаните сега се поатрактивни за купувачите
Според најавите од Министерството за економија во иднина е планирано да се реновираат сите 700 дуќани во чаршијата.
-

Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар
