Македонија
19. July 2015 - 17:13

Се воведува ред на водите на Охридското Езеро

Наскоро стартува одбележувањето на пловните патишта и поставувањето на пловидбените знаци и сигнални направи со што ќе се воспостави ред во водите на Охридското езеро.Компаниите кои се избрани на тендерите деновиве ќе започнат со монтажа на терен и на тој начин сопствениците на пловните објекти кои сакаат да возат со поголема брзина ќе може да се ориентираат во кој дел смеат да се движат а да не ги вознемируваат капачите на плажите и сите оние кои користат спортски реквизити.

Од капетанијата велат дека откако ќе се постави сигнализацијата ќе се донесе решение во која мерка да се олесни ограничувањето на скутерите .

Инаку во Охрид со два радари едниот на Самиоловата тврдина а другиот кај Градиште ќе се следи состојбата низ целото езеро се со една идеја побезбедни капалишта.