-->
-->
Се уште не се знае кога ќе биде погребан Џорџ Мајкл
-->

Познатиот пејач Џорџ Мајкл почина на 25 декември, но семејството се уште не знае кога ќе биде погребот.
Имено, како што пишува таблоидот „Сан“, аутопсијата првично не ги даде сите одговори, а резултатите од повторените токсиколошки испитувања направени веднаш потоа, се уште не се добиени. По се, изгледа дека на нив ќе се чека уште неколку недели.
- Резултатите би требало да бидат готови до крајот на месецов. Немаме нови информации, а според полицијата, смртта на Џорџ Мајкл е сомнителна, изјави неименуван извор за списанието.
Токсиколошките резултати треба да покажат дали во моментот на смртта на пејачот, во неговото тело имало лекови, наркотици или алкохол, кои можеби ја предизвикале неговата смрт.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-транс
-

Преглед на вестите од светот
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија - расте бројот на новозаболени, повеќето се од Драчево
-

Македонија вчера го имаше најтешкиот ден годинава во борбата со пожарите
-

Голем пожар во туристички места во регионот
-

Македонците кои летуваа во Сивири чекаат безбедно да се вратат дома
