Се уште има слободни места за студиските програми на Универзитетот „Гоце Делчев”

Се уште постојат отворени места за поголем дел од студиските програми на Универизтетот „Гоце Делчев” од Штип, со исклучок на Факултетот за медицински науки, каде поголем дел од квотите се веќе пополнети. Има слободни места и во кавадаречкиот наставен центар кој ќе продолжи со работа, информираше денеска проректорот, професор доктор Кирил Барбареев.
- Во изминатите години близу илјада и триста кандидати од оваа општина се запишаа на некој од факултетите при Универзитетот . Близу деветстотини имаат студирано во центарот овде. Околу 240 од нив имаат дипломирано. Некои од нив се веќе вработени, а други се во фаза на вработување. Сево ова јасно говори дека Кавадарци е сериозен наставен центар со огромен образовен потенцијал. Во ваква средина, Универзитетот гледа сериозни перспективи, нагласи тој на прес-конференцијата во Кавадарци.
За оние кои се во втора, трета и четврта година, тој соопшти дека првиот академски час ќе биде на 18 септември.
Во моментов има околу 1.700 пријавени кандидати на Универзитетот. Очекува таа бројка да достигне до две илјади. Продолжува вториот уписен рок во наставните центри и дисперзираните студии. Третиот уписен рок е на четврти и петти септември.
Оправданоста на овој центар, додаде, е од голема важност за Универзитетот. Информираше дека центрите во Кавадарци, Струмица, Прилеп и Скопје, Универзитетот секоја година има околу 600 кандидати.
- Во моментов во Кавадарци има околу педесетина пријавени кандидати на три факултети. Заинтересираноста веројатно ќе се зголеми во третиот уписен рок. Нашите очекувања се до сто студенти во кавадаречкиот центар. Овде се избрани студиски програми што се соодветни и на дејноста што постои во регионот. Регионот кој е препознатлив во светот по добро производство на вино, зошто да не биде и една од најдобрите студиски програми во Европа или светот токму во Кавадарци. Тоа ќе го наметне прашањето и за мотивацијата на младите луѓе да останат во својата средина, поголемо спојување на стопанството и на образованието, рече Барбареев.
Земјоделските науки се привлечни за кавадаречките студенти, но заинтересираност има и за студиската програма за индустриска логистика.
Соопшти дека Универзитетот се обидува да гради комуникација и со стопанството, нешто што е , како што рече, многу значајно. Соработка постои, но се прават напори, нагласи, тоа ниво на соработка да биде уште поголемо.
Ново на Сител
-

Мисајловски: Имаме стабилна и безбедна ситуација, тоа што го прави претседателот Трамп за мирот го поздравуваме
-

Франција: Речиси 70.000 смртни случаи поради тутун, голем товар за јавното здравје
-

ЕП ја оневозможи вештачката интелигенција на таблетите на пратениците поради безбедност
-

Трагично заврши потрагата по исчезнатиот Виктор од Прилеп
-

ОН: Откритијата во досиејата на Епстин може да претставуваат злосторства против човештвото
-

Ѓорѓиевски: Градежните активности се одвиваат во полн ек
-

Полицајци спасија жител на Македонска Каменица, кој беше заглавен на тераса откако настана пожар во неговата куќа
-

За една седмица „Безбеден град“ констатирал 4490 сообраќајни прекршоци, за 10% помалку од предходната седмица
