Се уште има чад од опожарената зграда во Тетово

Се уште има чад од опожарената зграда на „Македонија табак“ во Тетово. Пожарникарите и денес работат на целосно изгаснување и ликвидирање на пожарот. Чадот е причина и понатаму во Тетово да се чуствува непријатна миризба, која ги тера граѓаните на кашлање и гадење.
Од утринава и раните после пладневни часови се уште може да се забележи малку чад од опожарената зграда на поранешната фабрика „Македонија Табак“, каде сега стопанисува приватната фирма „Пофикс“. Поради чадот и понатаму во Тетово се чувствува непријатна миризба.
Докторот Ратко Давидовски од Центар за јавно здравје Тетово препорача внимателност и да не се останува надвор без потреба.
–Параметрите што се достапни се мирни, меѓутоа се уште има непријатен мирис, надразнувачки, кој предизвикува кашлање, иритација на очите, и самиот тој мирс е загрозување на јавното здравје. Вчерашните наши препораки беа да не се престојува на отворен простор и ако се престојува да се користи Н95 заштитна маска. Исто така, препораките беа малите деца, хроничните болни и постарите луѓе без потреба да не излегуваат на отворен простор, изјави Давидовски.
Според него има и објаснување за појавата на таков мирис поради што може да има загрозување на јавното здравје.
-Непријатната миризба во воздухот, зборувам во мое лично име, ме потсетува на емисии од топилиница. Моја претпоставка е дека таму има никел на кровната конструкција, гореше никел, пластика, не зборуваме за стиропорот туку за кровната конструкција, мирисот ме потсетува на мирис на заварување, а при заварувањето настанува баш оној карактеристичен мирис поради никелот. Најверојатно настанало хемиска реакција меѓу никелот и јаглерод моноксидот потоа се создаваат оксиди кои даваат ваков карактеристичен мирис. Напоменувам дека тоа е моја претпоставка, изјави Давидовски.
Според него во случај да има барем малку ветер во Тетово непријатната миризба ќе исчезне.
Ново на Сител
-

Родителите на загинатите во „Пулс“ повторно маршираат
-

Тема на денот со Светлана Силјановска, консулантка за стратешки комуникации
-

Убиство во Охрид
-

Убиство во Охрид
-

Поевтинување на бензинот, благо поскапување на дизелот, очекува Владата
-

Стратешки дијалог Македонија – САД во април
-

Европската интеграција во фокус на средбата на Филипче со хрватскиот опозиционер
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство, СДСМ со саркастичен одговор
