Се урна руски хеликоптер најмалку 19 лица загинаа

Најмалку 19 лица загинаа, а тројца се здобија со тешки повреди при хеликоптерска несреќа Ми-8 на полуостровот Јамал во северозападен Сибир во текот на изминатата ноќ, соопштија истражните органи, пренесува ТАСС.
Хеликоптерот на авиокомпанијата „Скол" се урна при принудно слетување на 80 километри од Новиј Уренгој. Хеликоптерот извршувал лет од Сузунското наоѓалиште во Краснојарскиот регион до Новиј Уренгој во Јамало-Ненецкиот автономен округ.
Во леталото имало 22 лица. Од прес-службата на „Роснефт" прецизираа дека хеликоптерот превезувал соработници на компанијата. Претставник на Министерството за вонредни ситуации на Русија соопшти дека еден од тешко повредените е транспортиран со хеликоптер до Новоуренгојската градска болница, а двајца се во болница во населбата Новозаполјарниј.
Во потрагата биле вклучени 140 спасувачи и 20 единици техника. Сигналот за несреќата бил добиен вчера во 18:57 часот.
Инспекторите работат на три верзии - прекршување на правилата за безбедност, дефект на техниката и неповолни метеоролошки услови. ссм/08:37
Ново на Сител
-

Арсовски: Реконструкцијата треба да е робусна, а СДСМ треба да се плаши од избори
-

Тема на денот со Петар Арсовски политички аналитичар
-

Повторно судење за врсничко насилство во Штип
-

Стојанче Јовановски осуден на максимални 12 години затвор
-

Инфлацијата во април - 5,7%, најголем скок кај цените на храната
-

РКЕ ќе анализа дали блоковите се правични
-

Идниот месец реконструкција на кабинетот на премиерот Мицкоски
-

Муцунски: Нема услови за уставни измени
