Се урна руски хеликоптер најмалку 19 лица загинаа

Најмалку 19 лица загинаа, а тројца се здобија со тешки повреди при хеликоптерска несреќа Ми-8 на полуостровот Јамал во северозападен Сибир во текот на изминатата ноќ, соопштија истражните органи, пренесува ТАСС.
Хеликоптерот на авиокомпанијата „Скол" се урна при принудно слетување на 80 километри од Новиј Уренгој. Хеликоптерот извршувал лет од Сузунското наоѓалиште во Краснојарскиот регион до Новиј Уренгој во Јамало-Ненецкиот автономен округ.
Во леталото имало 22 лица. Од прес-службата на „Роснефт" прецизираа дека хеликоптерот превезувал соработници на компанијата. Претставник на Министерството за вонредни ситуации на Русија соопшти дека еден од тешко повредените е транспортиран со хеликоптер до Новоуренгојската градска болница, а двајца се во болница во населбата Новозаполјарниј.
Во потрагата биле вклучени 140 спасувачи и 20 единици техника. Сигналот за несреќата бил добиен вчера во 18:57 часот.
Инспекторите работат на три верзии - прекршување на правилата за безбедност, дефект на техниката и неповолни метеоролошки услови. ссм/08:37
Ново на Сител
-

Би-Би-Си: Апсењето на Мадуро е опасен преседан за целиот свет
-

На ГП Меџитлија во прекин сообраќајот за товарни возила
-

Ѓоковиќ го напушти Професионалниот сојуз на тенисери
-

Трамп го предупреди Иран дека ќе биде „многу силно погоден“ ако бидат убиени уште демонстранти
-

Мицкоски на промоција на дел од опремата за управување со отпад во Пелагонискиот и Југозападниот регион
-

Американски медиуми: Мадуро попладнево се очекува да се појави во судот во Њујорк
-

Алиу и Тошковски ќе информираат за опасностите од употреба на пиротехника
-

Седум продолжени викенди за сите граѓани во 2026 година
