Македонија
25. September 2015 - 11:27

Се урна потпорен ѕид, прекин на сообраќајот Шипковица-Бродец, Вешала, Бозовце

Десеттина метри должина и околу 6 метри висина од потпорен ѕид се урнал и го прекинал сообраќајот од Шипковица кон Бродец, Вешала и Бозовце, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите информации, до уривањето на делот од ѕидот што бил долг околу дваесеттина метри дошло изминатата ноќ нешто по еден часот по полноќ и при тоа нема повредени лица, ниту оштетени возила.

За настанот, информира Јосифовски, биле известени локалната самоуправа во Тетово и другите институции кои треба да реагираат и да го остранат материјалот што го попречува сообраќајот.