Балкан
2. July 2016 - 16:55

Се урна мал авион во Романија, загина едно лице

Едно лице загина, едно е повредено кога денеска, околу пладне, се урна мал авион во централниот дел на Романија.

Несреќата се случи во подрачјето меѓуселата Синча и Першани, во округот Брасов.

Повреден е 67-годишен италијански државјанин, кој се здобил со повеќекратни повреди и изгореници, откако авионот после падот се запалил. Тој се хеликоптер е префрлен во болница.

Причините за несреќата засега не се познати.