Се урна авион на акробатска група на британското воено воздухопловство
Авион на акробатска група „Црвени стрели“ на британското воено воздухопловство се урна во близина на базата „Вели“ во Велс, и се уште не е јасно дали двајцата пилоти успеале да се катапултираат, јави Би-Би-Си.
Британското Министерство за одбрана потврди дека се работи за авион од типот „јастреб“ и наведе дека на местото на несреќата ведаш се упатиле спасувачки екипи.
Во авионот имало двајца членови на екипажот, а сведоци изјавиле дека виделе само еден падобран, пред леталото да падне на земја.
Портпаролот на Кралското воено воздухопловство (РАФ) изјави дека инцидентот се истражува и оти „би било несоодветно да дава каков било коментар“.
Се претпоставува дека авионот се враќал во својата матична база од „Вели“ која се користи за обука на пилоти и летачки персонал, и каде се спроведува обука за планински и поморски операции.
Акробатската група „Црвени стрели“ се најпознатата акро-група на Кралското воено воздухопловство која изведува акробации во авиони од типот „јастреб“
Ново на Сител
-

Арсовски: Реконструкцијата треба да е робусна, а СДСМ треба да се плаши од избори
-

Тема на денот со Петар Арсовски политички аналитичар
-

Повторно судење за врсничко насилство во Штип
-

Стојанче Јовановски осуден на максимални 12 години затвор
-

Инфлацијата во април - 5,7%, најголем скок кај цените на храната
-

РКЕ ќе анализа дали блоковите се правични
-

Идниот месец реконструкција на кабинетот на премиерот Мицкоски
-

Муцунски: Нема услови за уставни измени
