Бизнис
18. August 2015 - 20:04

Се уредува инфраструктура во индустриската зона во Прилеп

ТИРЗ “Прилеп 1”, во која досега се продадени 21 плац, а во изградба се 7 капацитети, продолжува инфраструктрурно да се уредува.
 
Во моментов се гради главната сообраќајница во должина од 350 метри со вредност од 3.5 милиони денари, општински пари, а со веќе обезбедените 130 илјади евра од Светската банка, до крајот на годинава ќе бидат асфалтирани и сите други улици во зоната.
 
Досега, во ТИРЗ “Прилеп 1” која се простира на површина од 130 илјади метри квадратни, инвестирани се околу половина милион евра, а интересот за градежни дозволи е на доста високо ниво, посочуваат и од ЛС, и од Регионалната стопанска комора.
 
Напоредно со оваа, инфраструктурно се уредува и ТИРЗ “Прилеп 2” која се наоѓа на само стотина метри од Индустриската зона “Прилеп 1”.