Се уредува централното подрачје на росоманското село Манастирец
Во росоманското село Манастирец се уредува централното подрачје каде се врши поплочување и се поставуваат ивичници.
Градоначалникот на Росоман, Стојанче Лазов денеска информираше дека станува збор за поголем проект од комуналната инфраструктура со кој се опфатени и улици во населените места.
- Временските услови дозволуваат интензивно да се работи на терен. Финансиската конструкција на овој зафат во Манастирец чини еден милион денари, а проектот кој опфаќа и поплочување на улици со бекатон плочки е вреден околу три милиони денари. На инфраструктурата интензивно ќе се работи и во иднина, како и досега, не само во Росоман, туку и во населените места, рече Лазов.
Парите за реализација на проектот се обезбедени од буџетот на општината.
Претходно беа уредени и централните подрачја во селата Трстеник и Паликура.
Ново на Сител
-
Опожарено возило во Битола
-
Руско МО: Соборени 61 дрон над неколку руски региони, повеќе од половина во Ростовска област
-
Тешко повредена 72-годишна жена во сообраќајка во Прилеп
-
Пронајдена марихуана во домот на 52-годишен струмичанец
-
Тепачка пред казино во Неготино
-
Град Скопје: Засилен инспекциски надзор со цел намалување на аерозагадувањето, минатата недела изречени казни за над 20 сторители
-
Во Скопје утре посебен сообраќаен режим по повод празникот Бадник
-
Обилни снежни врнежи предизвикаа прекини на воздушниот и патниот сообраќај во Велика Британија