Се укинува забраната за тешки возила на автопатот Атина-Солун
Од шест часот утрово, се укинува забраната за тешки возила над 3,5 тони на автопатот Атина-Солун, а сообраќајот и во двата правци и понатаму ќе се одвива исклучиво по левата коловозна лента, исто како што важи и за автомобилите, јави дописничката на МИА од Атина.
За укинувањето на забраната информираа и од Министерството за транспорт и инфраструктура на Грција и од компанијата која управува со автопатот.
Од Министерството соопштија дека одлуката е по соодветниот технички извештај по направените контроли и се однесува на возила со тежина до 44 тони, додека пак од компанијата потенцираа дека сообраќајот за тешки возила ќе се одвива само по левата коловозна лента во двата правци, до целосно повлекување на водата и повторна проверка на автопатот.
– За олеснување и безбедност на сите возачи, на возачите на тешки возила им се препорачува да одржуваат растојание од 100 метри од возилото пред нив, додека од сите возачи се бара да се придржуваат до ограничувањето на брзината од 80 километри и да ги следат упатствата на сообраќајната полиција, соопштија од компанијата која управува со автопатот.
Автопатот Атина – Солун, во делот околу Лариса, беше зафатен од поплавите и целосно затворен за сообраќај речиси една седмица поради изливањето на реката Пиниос, а во петокот беше укината забраната, но само за автомобили и возила до 3,5 тони.
Ново на Сител
-
Утрe штрaјк нa врабoтените на аеродромите во Германија, аеродромот во Хамбург веќе е затворен
-
Во сообраќајка повредени двајца малолетници од село Милетино
-
Турските власти приведоа повеќе од 100 лица на Меѓународниот ден на жената
-
Вучиќ: Опозицијата мисли дека сабота е ден Д, верувам дека студентите во блокада се попаметни
-
Обвинение за обид за убиство
-
Киев: Русите се обидоа да упаднат во градот Курск преку гасовод
-
Ѓоковиќ поразен во второто коло на Индијан Велс
-
Украинските сили извршиле напади со дронови на руска територија