Македонија
16. December 2020 - 12:40
Се укинува предметот историја во основно образование
Реформите во наставната програма за основно образование предвидуваат укинување на предметот историја кој ќе биде дел од предметот општествени науки и ќе се изучува заедно со географија и граѓанско образование.
По оваа најава остри реакции пристигнаа од професори на универзитети кои сметаат дека се работи за скандалозна реформа на МОН. Министерката Царовска тврди дека нема ништо спорно и се работи за најмодерна пракса на интегрирање на предмети.
Со ова се планирало учениците да имаат повеќе време за интеракција со наставниците и помалку предмети.
-->
-->