Се тресеше Кукуш: Над 35 земјотреси за 24 часа

По вчерашните земјотреси со интензитет од 4 и 4.7 степени според Рихтеровата скала, чии епицентри беа во реонот на грчкиот град Кукуш и беа почувствувани и во Македонија, потресите не запреа.
Според професорот по геологија и претседател на грчката организација за планирање и заштита од земјотреси, Ефтимиос Лекас, во изминатите 24 часа во поширокиот регион на Кукуш во северна Грција биле регистрирани над 35 земјотреси со мала јачина.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, говорејќи за радиото „Практорио фм“, Лекас нагласи дека земјотресите веројатно ќе продолжат и во следните 24 часа, по што земјата целосно ќе се смири во период од еден до четири дена.
- Поминаа над 24 часа. Во тек е сеизмичка низа од околу 35 земјотреси со мала јачина, но жителите ги чувствуваат. Земјотресите се во истиот регион, источно од Дојран, изјави Лекас за грчкото радио, додавајќи дека е позитивно тоа што сите земјотресите се со интензитет од под 5 степени, со што нема никакви последици по луѓето или објектите.
Ново на Сител
-

Кривична за екс градоначалник на Чашка
-

Македонец во Белград запалил пицерија поради отказ и им праќал видео на газдите
-

Заврши судскиот претрес за четворица турски државјани обвинети за помагање при извршување на убиство во кафуле во Штип
-

Стивнува грипот во Куманово
-

МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за злоупотреба на службената положба и овластувањето
-

Приведени 10 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило
-

Лига Нации: Македонските фудбалери на стартот дома со Швајцарија, на крајот дома Словенија
-

Три пријави за физички напади врз партнерки пријавени на скопската територија
