Балкан
17. December 2016 - 16:28

Се тресе Балканот, земјотрес во соседството

Земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во јужниот дел на Албанија.

Според Европскиот сеизмолошки центар, епицентарот бил на 17 километри југозападно од Ѓирокастро,  на длабочина од два километра.

Засега нема информации за евентуално повредени лица и причинета материјална штета.