Свет
29. September 2019 - 11:04

Се трага по 11 лица од потонатиот брод во Атланскиот океан

Три лица се спасени, а по 11 се трага по потонувањето на бродот „Bourbon Rhode“ во Атлантскиот Океан. Бродот се движел кон Гвајана, на околу 1.200 наутички милји од Мартиник и 60 наутички милји од ураганот од четврта категорија „Лоренцо“, кога се нашол во временски неприлики.
 
На бродот биле 14 членови на екипажот, а капетанот на бродот бил од Шибеник, пренесе Хина.
 
Пријавено е дека три лица биле пронајдени под чамец за спасување, додека по останатите се трага.
 
Министерството за надворешни работи на Хрватска потврди дека капетан на бродот е Дино Мишкиќ од Шибеник и дека меѓу членовите на екипажот нема други Хрвати.
 
Претставник на украинското Министерство за надворешни работи на Twitter објави дека двајца од тројцата спасени морнари биле Украинци.
 
Потрагата продолжува, а како што јави компанијата Bourbon, во чија сопственост е бродот, временските услови се подобруваат.