Македонија
7. February 2022 - 20:33
Се судрија три возила меѓу кои едно владино на крстосницата кај Влада, има повредени
Три возила, меѓу кои едно владино учествуваа во сообраќајна несреќа на крстосницата пред Владата.
Во владиното возило се наоѓале министерот за економија, Крешник Бектеши и министерот за финансии, Фатмир Бесими. Како што пишува министерот за финансии на Фејсбук, освен материјална штета на возилата нема потешко повредени лица, а учесниците се здобиле само со полесни повреди.
Во моментот сообраќајот на булеварот Илинденска во правец кон Центар е затворен, а службите вршат увид.
-
Валентин Николоски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->