Се судрија Ферари и Ламборгини во Италија, двајца загинати, милијардер под истрага | ВИДЕО

Индиски милијардер е под истрага во Италија откако неговото ламборгини се судри со ферари за време на караван со суперавтомобили на Сардинија, при што загинаа две лица.
Викас Оберои возел автомобил со неговата сопруга Гајатри Џоши, модел и актерка, кога во понеделникот дошло до судирот во јужна Сардинија, изјави претставник на карабинерите за агенцијата Франс прес.
На видеото, направено од автомобил на патот и објавено од локалните медиуми, се гледа како ферари и ламборџини патуваат во конвој со уште неколку суперавтомобили.
Ферарито се запалило по судирот, при што загинал швајцарската двојка внатре, пишува Гардијан.
Индискиот пар не е сериозно повреден. Оберои е осомничен за потенцијално двојно убиство на пат, изјави претставник на карабинерите. Оберои раководи со Oberoi Realty, познат по изградбата на луксузни апартмани во предградијата на Мумбаи.
Нето богатството на Оберои се проценува на 3,7 милијарди долари, според листата на милијардери на Форбс во реално време. Неговата сопруга е позната по нејзината улога во филмот Swades од 2004 година, во кој ја играше љубовницата на мегаѕвездата Шах Рук Кан. Тие се во брак од 2005 година и имаат две деца.
Ново на Сител
-

Во земјотресите во Венецуела загинаа 4.118 луѓе
-

Заврши заложничката драма во Берлин
-

Утре продолжуваат преговорите помеѓу САД и Иран
-

Трипуновски: Исполнето уште едно ветување, објавени се пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште над три хектари
-

Северна Кореја со осуда на Самитот на НАТО поради зајакнување на воените блокови
-

Трамп: Илјадници ракети се насочени кон Иран во случај на обид за атентат врз мене
-

Синер: Сервирав навистина добро и тоа ми помогна во мечот со Ѓоковиќ
-

Заложничка драма во Берлин
