Се судрија два камиони на патот Велес - Градско, еден возач загина, другиот повреден
Вчера во 13.25 часот во Велес на регионалниот пат Велес – Градско, во близина на местото викано „Венуле“, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило Влекач „Сканија“ со штипски регистарски ознаки и Приклучно „Коегел“, управувано од Д.П.(1990) од Штип и товарно моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од В.Ц.(1959) од Пробиштип.
Од здобиените повреди на лице место починал В.Ц.(1959) од Пробиштип.
Смрт е констатирана од доктор од итната медицинска помош. На Д.П. му била укажана лекарска помош во ОБ-Велес каде му биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.
Увид на лице место извршила увидна екипа од ПС ОН-Кавадарци. Сообраќајот бил во прекин до 16.45 часот.
Ново на Сител
-
СДСМ утре избира претседател - зошто Филипче нема ниту еден противкандидат?
-
Нема алтернатива за ЕУ
-
Над 160 веб страници за нелегално онлајн обложување ќе бидат затворени
-
Какви цени нуди Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Aсмир Јахоски во Шутка - Судот ја прифати жалбата на обвинителството
-
Вучиќ: Ќе го уапсиме секој кој ќе предизвика нереди
-
Тема на денот со Љуљазим Фаризи, аналитичар