Македонија
28. February 2016 - 13:18

Се стресе Македонија, силен земјотес во струмичко

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, 
денес, во 12 часот и 17 минути, регистрира земјотрес чиј епицентар се наоѓа 130 км југоисточно од Скопје.
 
Според досегашните макросеизмички податоци, овој земјотрес е  почувствуван во југоисточните делови од Републиката со интензитет од III-IV степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998.