-->
-->
Се степаа српски пратеници: Колегата го нападна со компјутерско глувче
-->
Пратеникот на Двери во српскиот Парламент, Бошко Обрадовиќ, го нападна заменик претседателот на СНС и претседател на Административниот одбор, Александар Мартиновиќ, со глувче од компјутер.
Мартиновиќ ја заклучи расправата во Административниот одбор, каде што претходно се расправаше за казните изречени на пратениците.
Претходно, Мартиновиќ му го одзеде зборот на Обрадовиќ, на што лидерот на Двери жестоко реагираше, бидејќи, како што рече, имал уште три минути да зборува, по што го удри Мартиновиќ со глувчето од компјутер.
Додека Бошко Обрадовиќ на излезот го чекаше Мартиновиќ, тој продолжи да седи. По ова следеше и „вербално хушкање" меѓу Верољуб Арсиќ и Обрадовиќ, како и Владимир Ѓукановиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило
-
Полицијата викендов во контроли на угостителски објекти во Куманово, констатирани прекршоци
-
Енормно зголемена потрошувачката на вода во Скопје, можни се рестрикции и намален притисок
-
Струшките плажи и годинава без спасители на вода
-
За шест часа казнети 600 возачи
-
Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари
-
Николоски: Започна да се користи новиот автопат од Врбјани до Ботун, следуваат нови прокети
-
Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари