Се сослушуваат сведоци на судењето за „Монструм“

Во Кривичениот суд во Скопје на рочиште за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство, денеска сведочеше Сенат Буши, сосед и пријател на Сами Љута.
Сведокот беше испрашуван од Судијата Огнен Ставрев, обвинителката Фстиме Феатаи и од одбраната, а прашањата се однесуваа за свадбата на сведокот на која присуствувал и Љута. Сведокот, за разлика од сведочењето од 2014 година, денеска рече дека неговата свадба била во 2012 наместо во 2011 година.
На прашање на судијата Ставрев, Буши рече дека сведокот бил со кратка коса и дека немал никаков белег на лицето. Истото го потврди и сопругата на Буши која сведочеше денеска. Овие прашања беа поставени поради сведочењето на загрозениот свеведок кој потврдил дека го видел Љута на Смилковското езоро на денот на убиството со долга коса и црвена флека на лицето.
Во продолжение на судењето сведочеше и Јонче Ивановски сопственик на приватна фирма за производство на амбалажа, сосед на Фејзи Азири. Сведокот, на прашање на обвинителката Фетаи рече дека не верува дека Азири би сторил некакво дело и дека според него тој во случајот е невин.
Ново на Сител
-

Лажна пријава за бомба во траект со 958 лица на атинското пристаниште Пиреас
-

Охрабрувачки резултати од првото пребројување на дивокозите на Шар Планина
-

Томески: Пожар зафати куќи кај Бит - пазар, има материјална штета
-

Приведен Бака Прасе? Маскирани лица упаднале во неговиот стан и го одвеле
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Акциска контрола за брзо возење - за шест часа констатирани 708 прекршоци
-

Реализирани 750 исплати денеска во „Алта банка“ во Битола, Струмица и Тетово, овозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити
-

АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
